Атина нема да ја напушти еврозоната

0
121

Италијанскиот премиер Матео Ренци изјави дека Атина нема да ја напушти еврозоната без оглед на исходот од референдумот во Грција во овој викенд.

– Сметам дека Грција нема да го напушти еврото. Ќе направи се што може да се постигне договор со меѓународните кредитори, изјави Ренци за РАИ-1.
Референдумот што треба да се одржи в недела во Грција ги подели жителите на таа држава бидејќи многумина не се за тоа да кажат „да” за штедење ниту „не” на Европа како помош да се извлече земјата од финансиската криза.