АТП: Надал седми, Ѓоковиќ суверено прв

0
197

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал не успеа да одбрани титулата на Мастерсот во Мадрид, поради што назадуваше на најновата АТП листа за три позиции. Надал се наоѓа на седмото место на АТП листата што последен пат му се случило на 2.мај 2005 година.

Надал по поразот во Мадрид изјавил дека примарна цел до почетокот на Ролан Гарос ќе му биде да не биде полошо пласиран од осмото место, што значи дека на Мастерсот во Рим, кој започна во понеделникот, ќе мора да ги одбрани бодовите кои ги освои лани кога играше во финалето.

Меѓу првите 10 на најновата АТП листа нема промени на првите три места и на позициите осум, девет и десет.

Ѓоковиќ е број 1, тој има 5.200 бодови повеќе од Федерер, додека трет е победникот од Мадрид, Енди Мари.

Милош Раониќ е на четвртото место, што е негов најдобар пласман во кариерата, тој има 20 бодови повеќе од Томаш Бердих кој направи скок за две позициии.

Кеи Нишикори загуби една позиција и се наоѓа на шестото место, зад него е Надал, а во Топ 10 уште се Давид Ферер, Станислас Вавринка и Марин Чилиќ.