Аца Лукас и Каролина Гочева на овогодинешниот „Пивофест“ во Прилеп

0
1095

Српскиот пејач, Аца Лукас и македонската пејачка Каролина Гочева се дел од пејачите кои ќе настапат на овогодинешниот „Пивофест“ во Прилеп.

Освен нив, на фестивалот на скарата и пивото ќе настапат познатата ска- панк група од Белград „Самостални референти“, Рада Манојловиќ, Хари Мата Хари, Куку Леле, Александра Радовиќ.

„Овогодинешниот Пивофест ќе трае од 14-ти до 17-ти јули и ќе биде уште поспектакуларен и попосетен од минатогодишните. Организаторите се уште ја немаат откриено целосната програма за фестивалот, но ветуваат огромни изненадувања и пред се добра забава за сите посетители“, соопштуваат од Општина Прилеп./крај/мф