Аудиција за 20 години Солза и смеа

0
514

На 7 ми февруари,1996 година, беше оформена драмската група Солза и смеа, која денес прерасна во театар.

Оваа година одбележуваат 20 години постоење а роденденот ќе се прослави на 5 -ти и 6-ти февруари.

Роденденската претстава која Солза и смеа ќе им ја подари, на битолчани е со наслов Аудиција.

Веднаш после роденденот Солза и смеа заминуваат на турнеја во Австралија, каде претставата Жени на власт, со која ја имаа турнејата низ Македонија, ќе ја одиграат во 5 градови.

Гостуваа низ скоро сите градови низ Македонија а сепак каде и да одат, кога ќе се вратат ги чека нивната верна битолска публика.

Досега во Солза и смеа поминале околу 70, 80 членови, кои денес се истакнати режисери, професори, актери.