Latest news
Authors Објавено одЕлена Павловска

Елена Павловска

216 Постови 0 Коментари

0 213

Досега слушавме за предвремено родените бебиња, па полемиката околу вакцинирањето на бебињата, стигнаа и Бе-Се-Же вакцините, а она што статистиката го зкалучие е дека зголемен е бројот на живородни деца.
Во однос на ланската година бројот е зголемен за 1.1% и изнесува 5 669 живородени деца. Во Битола родени 208 новороденчиња. Додека пак природниот пораст изнесува 342 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.
Додека во во Скопје се родени 1749 деца, Гостивар 175, Велес 128, Кавадарци 101, Куманово 303, Липково 101, Охрид 130, Прилеп 181, Струга 155, Струмица 178, Тетово 282, Штип 134, Радовиш 88.
Заводот за статистика и со податок за бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2016 година. Статистиката бележи зголемување од 2.4% во споредба со истото тримесечје од 2015 година и изнесува 5 327 лицa, а од нив 55 се умрени доенчиња.
Додека бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 15.4% во споредба со истиот период од 2015 година и изнесува 2 922 бракови а бројот на разведените бракови во ова тримесечје од 2016 година е зголемен за 7.9% во споредба со истиот период од 2015 година и изнесува 720 разведени бракови.

0 533

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2016 година изнесува 23.457 денари, а просечната бруто-плата 34.374 денари. Во декември лани 1,6 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Заводот за статистика објаснува дека растот се должи на повисоките плати во секторите: на уметност, забава и рекреација, информатичко – комуникацискиот сектор, стручните, научни и технички дејности, градежништвото. Додека пак пред извесен период Заводот за статистика објави и кои професиите земаат највисока нето плата во Македонија во 2016 година. Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со плата од 66.896 денари, правни и смтеководствени дејности со плата од 59.124 денари воздухопловен транспорт со плата од износ од 54.827 денари телекомуникации плата од 48.450 денари и производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати 43.982 денари.

Економистите велат дека е потребна здрава економска основа за понатамошен раст на платите.
Платите во Македонија се зголемуваат, пред сè како резултат на фактот што се намалува невработеноста и се создава поголем притисок на пазарот на трудот. Ова дејствува во насока повеќе да се вреднува трудот на работникот.

0 896

Недела е Прочка, или Велики Поклади, ден на меѓусебно простуување, помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден од врески аспект.
Оваа традиција започнала од векови наназад се негува и до ден денешен, но дали се простува од искреност или по традиција?

Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните.
Притоа секогаш помалиот бара прошка од постариот, децата од родителите, крштеникот од кумот, а си простуваат и пријателите. Откако три пати ќе се поклони помладиот му вели на постариот: „Прости ми!”, на што другиот одговара: „Простено да ти е и од мене и од Господа.

Велигденскиот пост е најстрог и најдолг. Трае од Прочка до Велигден. Тука се 40 дена од Чист понеделник до Лазарева сабота и уште страстната недела од Цветници до Велигден, вкупно 48 дена. Постот не значи само откажување од мрсна и обилна храна и алкохол, туку постење со мислите, воздржување од лошо, правење милостиња.
Прочка е и време кога во нашите краишта особено во Прилеп се организираат масовни свечености, а еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето по повод овој празник од неодамна воспоставен е прилепскиот карневал .
Според народните верувања се вели дека на денот Прочка почнете со нештата одново свртете го погледот кон иднината заборавете го злото, запомнете го доброто, заборавте на сите недоразбирања и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле.

0 2766

Половина економија е сконцентрирана во Скопскиот регион, а веднаш после него е Пелагонсикиот регион. Додека пак најсиромашно е во тетовско и во штипско, покажуваат последните податоци од државниот завод за статистиката од 2014 година.
Вкупната пазарна вредност е распределена така што во Скопскиот регион има најразвиена економија и тоа со 42.6% (3.475.040.650 евра), додека на второто место по развиена економија е Пелагонискиот регион 11.3% (919.186.991 евра), после него е Југоисточен 9.2% (751.398.373 евра), па Вардарски 8.2% (670.894.308 евра, Источен 8.1% (657.707.317 евра), Југозападен 7.8% (640.292.682 евра), Полошки 7.5% (613.577.235 евра), Североисточен 5.3% (432.731.707 евра).
Во Скопје економската активност по жител е 43.5% над, а во Тетово и Гостивар 51.2% под државниот просек. Покрај Скопскиот само Вардарскиот и Југоисточниот регион со 10.6% односно 9.6% се над просекот, а Пелагонискиот е точно на исто ниво со просекот во државата.

Продуктивноста и економската развиеност се рефлектираат и на платите. Највисоки примања имаат работниците од Скопскиот регион, просечно во 2015-та изнесувале 26.861 денари месечно. Сите останати се под државниот просек кој бил 21.906 денари.
Најниски примања има Источниот регион, платите се по 16.278 денари. Нешто подобро стојат Североисточниот и Југоисточниот, со примања од по 16.946 денари. Во Вардарскиот регион просечната нето плата изнесува 17.402 денари, во Југозападниот 19.670, а во Пелагонискиот и Полошкиот 20.620 денари.

SOCIAL

16,108FansLike
929FollowersFollow
0SubscribersSubscribe