Latest news
Authors Објавено одБашуровски Стево

Башуровски Стево

6724 Постови 0 Коментари

0 422

Телевизиската компанија CNN покажа до најниска мера лош вкус, дозволувајќи им на нејзините водители во живо да зборуваат за последици од смртта на избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во хипотетички атентат во Вашингтон, на денот на инаугурацијата, во петокот 20-ти јануари, коментираше радиото WDBO во четвртокот, чиешто седиште е во Орландо, во сојузната држава Флорида, кое се придружи на низата главно интернет ресурси.

Во средата многу медиуми реагираа на прилогот на CNN во кој репортерот водител Волф Блицер отвори дискусија на темата „Што ако новиот претседател и неговиот заменик бидат отстранети уште првиот ден (од преземањето на должност?“.

Во продолжение Блитцер и водителот Брајан Тод направија листа од веројатни кандидати за привремено пополнување на должноста, меѓу кои сегашниот државен секретар Џон /кери, претседателот на Претставничкиот дом Пол Рајан, па дури и заменикот државен секретар за политички прашања, Томас Шенон.

Како што истакнува во четвртокот WDBO, главниот заклучок од дискусијата на CNN се состои во тоа дека при развој на најлошото сценарио власта во САД ќе остане привремено или индиректно во рацете на администрацијата на претседателот на заминување Барак Обама.

„Во моментите се зборува за жестоки протести на денот на инаугурацијата во Вашингтон и за закани за физичко насилство врз Трамп. Имајќи ја предвид ваквата ситуацијата, со што се занимава CNN – со неодговорно новинарство, или таквиот материјал укажува на лошиот вкус…“, реторички праша во коментарот радиото.

Исто така, во прилогот не се отфрла можноста за своевидна одмазда на CNN на Трамп кој јавно ја понижи телевизијата, откажувајќи на нејзините новинари да му задаваат прашања на неговата прва голема прес-конференција како избран претседател. Републиканецот со тоа реагираше на прилогот на CNN за наводните компромитирачки материјали за него што ги собирало руското разузнавање.

Инаугурацијата на 45-то претседател на САД се одржува три дена, од четвртокот до саботата. Главната церемонија ќе се одржи во петокот, традиционално на 20-ти јануари пред Конгресот, а според најавите ќе биде покуса и подиректна од онаа на претходниците. Во обезбедувањето се ангажирани се мобилизирани 3.000 полицајци и 5.000 војници на Националната гарда на САД. Според весникот The Washington Post, трошоците за настаните во чест на инаугурацијата може да се движат меѓу 175 до 200 милиони долари./крај/мф/сн

0 5213

Денеска во манастирот св.Ѓоргија во Паралово се одржа богослужба по повод православниот празник Богојавление Водици.

Отец Дуле Груевски вели дека за прв пат во  фрлен крстот во овој манастир. Според неговите истражувња досега нема сознанија дека на денешен ден се тука се фрлал светиот крст.

Како што соопштуваат од таму по иницијатива на Отец Душко Груевски и тројцата верници Илија Митревски, Антонијо Михајловски, Иванчо Талевски се фрле крстот во манастирскиот базен. Најсреќниот е Илија Митревски.

Со самиот овој чин се започна една нова традиција во овој манастирски комплекс.

 

0 5825

Во Австралија за време на денешниот празник  Бoгoјaвление – Вoдици, вo хрaмoт “Св. Петкa” вo Рoкдејл, Сиднеј, беше oтслуженa светa aрхиерејскa Литургија, нa кoјa чинoнaчaлствувaше Негoвoтo Висoкoпреoсвештенствo Митрoпoлитoт Дебaрскo-кичевски г. Тимoтеј. Пред литургијата беa oсветени нoвите сaдoви и икoни вo хрaмoт од каде, сиoт верен нaрoд, предвoден oд Митрoпoлитoт Тимoтеј и свештенствoтo, се упaти кoн вoдите нa сиднејскoтo крајбрежје. Таму беше фрлен светиoт Крст и нaјсреќен меѓу oние кoи скoкaa и го фати Крстoт беше Стефaн Јaнчевски кој е пoтеклo oд Битoлa. Нека е за многу години!

www.babambitola.mk

0 2635

Светиот крст во водите на Преспанското Езеро оваа 2017 година  го фати 19-годишниот Филип Беличевски од Ресен. Тој беше најсреќен меѓу триесетината верници, што скокаа во студените езерски води во Отешево.

Тој беше даруван со телевизор од Општина Ресен и со други подароци од МПЦ и спонзори.

 

Околу 10 млади момчиња од Могила скока по светиот крст во водите на реката Шемница. Најсреќен од сите беше 18 годишниот Михаил Сакурмовски кој го извади светиот крст од студените води на реката Шемница. Градоначалникот на Општина Могила Стево Пивковски го награди добитникот со микробранова печка и парични средства во вредност од 3000 денари.

Во храмот посветен на Св. Атанасиј во Новаци, среќата да го пронајде светоит крст ја имаше Јован Боглев.

Горјан Србиновски по трет пат ја имаше среќата да го фати светиот крст во Бистрица.

Кристијан Момироски по трет пат го извади крстот од осветените води во Кривогаштани.

Алексеј Алексовски го фати Светиот Крст на традиционалната манифестација „Демирхисарски богојавленски свечености“, која општина Демир Хисар ја одржа по 18 пат.

Дарко Јанкоски беше најсреќен помеѓу 86 учесници кои скокнаа по Светиот крст во Прилеп. Од водите на базенот на хотелот „Сонце – ГА“, Дарко прв го изваде Светиот крст, а ова било негов седми обид.

SOCIAL

16,061FansLike
910FollowersFollow
0SubscribersSubscribe