Authors Објавено одБашуровски Стево

Башуровски Стево

7574 Постови 0 Коментари

0 2313

Министерството за внатрешни работи вчера издаде 649 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил.

Во периодот од 19.06.2015 до 23.07.2015 година во 08,00 часот, соопшти денеска МВР, издадени се потврди на вкупно 18.259 странски државјани, од кои, 13.405 се од машки пол, 2.395 се од женски, 2.299 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 160 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 13.338, потоа од Авганистан 1.525, Ирак 1.074, од Пакистан 611, Сомалија 430, од Палестина 366, Конго 254, Камерун 104, додека останатите се во помал број.

0 226

Српската полиција соопшти дека мигрант од Авганистан е убиен денеска во тепачка во која учествувале мигранти, во близина на границата со Унгарија. Во тепачката се повредени уште двајца мигранти. Тепaчката настанала меѓу две други мигранти рано утрово, наведува полицијата. Србија се наоѓа на балканската рута по која мигрантите се надеваат дека ќе дојдат до земјите од ЕУ. Соседот на Србија, Унгарија почна да гради ѕид на границата за да ги спречи мигрантите да влезат од Србија во Унгарија.

0 1155

Синоќа во овој дел од земјава имаше силни грмотевици, врнежи од дожд и силен ветер кој наместа достигнуваше и до 100 км/час.

Денеска се враќа влијанието на топлата воздушна маса.

Максималната дневна температура во Скопје ќе биде 37 степени, Маврово 28, Дебар 33, Крива Палаанка 36, Штип 37, Куманово 37, Виница 35, Берово 32, Дојран, Гевгелија и Кавадарци 38, Демир Капија 39, Велес 36, Охрид 32, Крушево 29, Прилеп 33, Битола 34…

Вторник, среда и четврток во регинот околу Демир Капија максималните дневни температури ќе достигнат и до 42 степени.

0 274
Денот на Републиката, 2 Aвгуст, односно 3 август (понеделник), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Втори август – „Илинден“ е неработен согласно со Законот за празниците на Република Македонија.
Од Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани на Република Македонија им го честитаат Денот на Републиката.

SOCIAL

16,108FansLike
938FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
Secured By miniOrange