Authors Објавено одБашуровски Стево

Башуровски Стево

7574 Постови 0 Коментари

0 196

Нелегалното следење на комуникациите доведе до голема општествена криза во Република Македонија, но ова не е прв пат системите за следење на комуникациите да бидат злоупотребени во земјава. Ова го истакна обвинителот, Марко Зврлевски на денешната конференција „Следење на комуникации – законска рамка и искуства, улогата на јавниот обвинител“ која денеска се одржа во Скопје.

„Системите за следење на комуникациите како средство се користат и се злоупотребуваат и од други земји. Токму поради тоа улогата на јавните обвинители треба да стане поизразена, со цел да се намалат ваквите злоупотреби“, рече Зврлевски.

Токму поради овие причини, истакна Зврлевски, потребно е измена на законското решение за следење на комуникациите бидејќи иако е предвидено главниот збор да го има јавниот обвинител, тоа е само на хартија, бидејќи системите за следење на комуникацијата и натаму остануваат единствено во рацете на Министерството за внатрешни работи.

Во законските измени којшто ги предлага и меѓународната заедница треба да се воведат силни контролни механизми на употребата на средствата за следење на комуникациите, додаде Зврлевски

На меѓународната конференција присуствуваат јавни обвинители и нивни заменици од Албанија, Косово, Русија, Турција, Бугарија, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

0 153

Денес на пладне продолжува конститутивната собраниска седница. На дневен ред се избор на претседател и замени, како и членови на Комисијата за прашања на изборите и избор на претседател на Собранието.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека спикерот на Собранието треба да биде од нивните редови. СДСМ пак, заедно со ДУИ, Беса и Алијансата на Албанците бараат мирен трансфер на власта.

Од ВМРО-ДПМНЕ настапија со внатрепартиски реплики и отфрлање на таканаречената Тиранска платформа.

0 614

Западот и Русија се на различни страни во политичкиот конфликт во Македонија, тврди српскиот премиер Александар Вучиќ по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, пишува Дојче Веле.

Рускиот претседател и српскиот премиер, според она што Вучиќ го кажа по состанокот, најдолго разговарале за состојбата во регионот на Балканот.
„Најдолго се задржавме на регионот, севкупната ситуација, надворешните влијанија врз регионот“, рече Вучиќ. Од разговорот со Путин и со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, Вучиќ стекнал впечаток дека Москва не поддржува формирање влада предводена од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Колку што западните сили ја поддржуваат владата на Зоран Заев и албанските партии, толку ми делува дека рускиот претседател не е на таа страна“, рече Вучиќ синоќа во интервју за телевизијата Пинк.

На заедничката прес-конференција, Путин рече дека „според некои надворешни знаци, постои заострување“ во регионот.

Србија во скоро време очекува реализација на договорот за воено-техничка соработка со Русија, со кој Белград очекува да добие 30 оклопни возила, 30 тенкови Т-72 и шест борбени авиони Миг-29. Српскиот премиер Вучиќ по средбата со Путин во Москва, рече дека рускиот претседател лично ја одобрил испораката на оружјето. Според Вучиќ, пристигнувањето на оружјето се очекува во следниот период, но одби да прецизира дали тоа ќе се случи во „следните месеци“.

0 160

Бегалците и мигрантите во Европската унија ќе добиваат квалификациски пасош во кој ќе го пишува нивното образовно ниво, обуките и квалификациите кои ги имаат, како и членство во професионални организации.

Тоа го предвидува проектот на Советот на Европа, претставен на конференција на министрите за образование на земјите членки на Европската културна конвенција и на министрите од земјите од јужното Медитеран, што се одржа во Никозија, Кипар на 22 и 23 март.

Пасошот претставува формулар со индивидуален број, име, слика, квалификации и со приложени документи. Во него се наоѓаат информации за искуство, претходно работно место, стаж, владеење на странски јазик, членство во организации.

Идејата е бегалците и мигрантите прво да ги впишаат сами овие податоци, а потоа да со помош на комисија со двајца експерти да се потврдат информациите.

Пасошот ќе биде универзален за сите земји и ќе го олесни признавањето на квалификациите на бегалците и мигрантите и ќе им даде можност да се вклучат побрзо на пазарот на труд во новата земја, како и да ги користат своите вештини и стекнатата квалификација, дури и кога таа не може да биде поддржана со документи, објавени од МОН.

Проектот е стартуван пилотно во Грција. Во Италија моделот е спроведен во 15 региони и дава позитивен резултат. Во него учествуваат над 2.000 бегалци и мигранти.

На дискусијата во Никозија беше дискутирано да се подготви флексибилна постапка за признавање на дипломите на странците, како и воведување на таква за децата и нивната интеграција во класата. Првично тие ќе треба да добијат сертификат дека го владеат јазикот на соодветната држава и потоа можат да се запишат на училиште.

SOCIAL

16,108FansLike
938FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
Secured By miniOrange