Authors Објавено одБашуровски Стево

Башуровски Стево

7574 Постови 0 Коментари

0 34

Целиот плен украден од продавницата за скапоцен накит “Cartier” во саботата во Монако, чија вредност би можела да достигне повеќе милиони евра, е пронајден во понеделникот, рече државниот обвинител на Монако.

Четири лица се приведени, двајца крадци, еден соучесник задолжен за возење на претходно украден автомобил и четврт, чија улога не е утврдена.

Судијата рече дека во кражбата биле вмешани млади лица од околината на Кан. /крај/он/ст

0 37

Една од најголемите бразилски авикомпании „Гол“ се согласи на бразилското племе Кајапо да му исплати 1,3 милиони долари отштета, поради пад на нејзин авион во нивниот резерват во 2006 година.

Како што јави Би-Би-Си, по падот припадниците на племето одбија да се врати во областа каде падна авионот, бидејќи како што велат, сега таа е „загадена и проколната поради присуство на мртви лица“.

Авионот на бразилската авиокомпанија на комерцијалн лет во септември 2006 година во воздух се судри со приватен авион над амазонската прашума во државата Мато Гросо, каде што се наоѓа резерватот на племето Кајапо.

Приватниот авион, кој летал кон САД, морал принудно да слета на најблискиот аеродром.

Авионот на „Гол“ се урна среде резерватот, при што загинаа 154 патници.

Истрагата на бразилските власти покажа дека грешката ја направиле двајца американски пилоти и луѓе од контролата на летање во Бразил.

Поглаварот на племето Кајапо, Раони Метуктир стана познат кога со британската рок ѕвезда Стинг го пропатува светот, за да укаже на проблемите на уништување на амазонските дождовни шуми.

0 108

САД и Велика Британија ја повикаа Русија да ги ослободи граѓаните, кои беа уапсени во неделата за време на големите антивладини протести, јави ТАСС.

Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер изјави дека САД силно го осудуваат апсењето на стотици мирни демонстранти во Русија во неделата.

Спајсер го прочита соопштението на Стејт департментот, во кое ги означи апсењата како „кршење на основните демократски вредности“.

Портпаролот на Белата куќа изјави дека луѓето насекаде заслужуват транспарентна и одговорна влада, како и можност да ги остваруваат своите права без страв од одмазда.

– Велика Британија е загрижена од апсењето на 26 март на стотици руски граѓанани, меѓу кои и новинари и лидерот на опозицијата Алексеј Навални, се вели во соопштението на британското Министерство за надворешни работи.

0 1684

Откако Игор Златков и официјално е новиот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,  за Телевизија 24 потврди дека  го положил испитот по англиски јазик и го добил сертификатот за познавање на англиски јазик што беше кочница за депонирање на неговиот потпис во Централниот регистар и за исплата на субвенциите.

Тој уверува дека исплатата на субвенциите ќе почне од денеска. Исплатата  е стопирана шест месеци, бидејќи се чека формирање на нова влада.

Пред две недели антикорупциската комисија даде позитивно мислење дека исплатата може да продолжи. Но во меѓувреме истата се одолговлечи поради директорските смени во платежната агенција која менаџира со исплатата на субвенциите.

Државата им ги должи на земјоделците дел од субвенциите за 2015 година и речиси сите за 2016 година.

SOCIAL

16,108FansLike
938FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
Secured By miniOrange