Authors Објавено одЗоран Мишевски

Зоран Мишевски

613 Постови 0 Коментари

0 120

Македонската А репрезентација ја победи Белорусија со 3:0 на пријателскиот натпревар на Националната арена во Скопје. Нашиот најдобар репрезентативен тим одигра квалитетно, во текот на целиот меч доминираше и заслужено славеше убедлив триумф.
Стефан Спировски постигна гол за водство во 40. минута, потоа следуваа двата гола на Пандев во 61. и во 70. минута. Најпрвин на капитенот му асистираше Тричковски, а за вториот гол асистент беше Алиоски.

Дарко Чурлинов го урна рекордот на Сулејманов. Младиот фудбалер на Келн стана најмладиот репрезентативец во нашата А репрезентација. Селекторот Ангеловски го стави во игра во 82. минута кога влезе во игра место Езџан Алиоски. Со 16 години и 8 месеци Чурлинов го урна досегашниот рекорд на Тауљан Сулејманов со 17 години и 6 месеци.

0 99

Македонската репрезентација до 21 година ја победи Бугарија со 1:0 во пријателски натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Избраниците на Благоја Милевски заслужено се радуваа на нов триумф откако целосно доминираа на денешната пресметка. Фудбалерите кои ќе не претставуваат на ЕП во Полска создадоа многу шанси, искористивме една, промашивме и пенал, а притоа не му дозволивме на противникот ниту еднаш сериозно да се закани кон нашиот гол. Марјан Радески во 43. минута беше стрелец на голот за Македонија.

Првата прилика за отворање на резултатот нашата репрезентација го имаше во шестата минута кога Виктор Ангелов се обиде да го загрози голот на Бугарија, но неговиот удар го одбрани гостинскиот голман Крастев. Само две минути подоцна Марјан Радески пропушти одлична шанса за Македонија. Капитенот Бабунски одлично го пронајде Радески, но напаѓачот на Шкендија шутираше над голот во сто процентна шанса. Во 11. минута неуспешен обид имаше и Бабунски, а одново Радески во 16. минута не успеа да го совлада голманот на Бугарија. Пред крајот на полувремето, во 41. минута непрецизно шутираше и Бабунски, а доминацијата на нашата репрезентација конечно беше крунисана со водство од 1:0 во 43. минута кога Марјан Радески го совлада бугарскиот голман. Ѓорѓев прекрасно асистираше до Радески, а нашиот напаѓач овој пат не погреши и погоди за водство на Македонија. Бугарија во првото полувреме не успеа да упати удар кон голот на Алексовски.

 

0 2469

Спортската сала „Младост“ во Битола од денес е комплетно со нив лик. Поставени се зелено-белите столчиња и ликот на реновираниот објект е според плановите. 3.500 зелено-бели столчиња се поставени на двете трибини во салата со што скоро се завршени скоро сите детали предвидени во декември кога започна процесот на реновирање.

Така на почетокот од април ракометарите на Пелистер и Еурофарм Работник, ракометарките на Пелистер и кошаркарите и кошаркарките на Пелистер ќе започнат да ги играат своите натпревари во спортската сала „Младост“.

 

0 299

Најдобрата репрезентација на Македонија вечерва во Вадуц славеше со убедливи 0:3 над Лихтенштајн, во натпревар од петото коло од квалификациите за Светското Првенство кое во 2018 година ќе се одржи во Русија.Погодија Николов и два пати Несторовски.
Македонија тргна офанзивно и првата закана дојде уште во 6-тата минута кога Пандев и Спировски убаво си проиграа во противничкиот казнен простор, а силниот шут на нашиот капитен го одбрани домашниот голман Јехле. Во 25-тата минута во шанса се најде Спировски, но биеше непрецизно покрај голот. Нашите репрезентативци продолжија да вршат притисок креирајќи шанси за погодок, а наградата дојде на две минути пред паузата кога после една подолга акција, Тричковски асистираше, а Николов со убав волеј погоди за водство од 0:1.

На почетокот на вториот дел се закани Ибраими, но неговиот силен шут заврши во надворешниот дел на мрежата откако правецот на топката беше сменет од еден домашен играч. Во 58-та минута Велковски спречи една контра на домашните, а откако си создаде простор биеше силно, но неговиот шут беше блокиран. Неколку минути подоцна се обиде Несторовски со глава, но сигурен беше голманот Јехле. Како поминуваа минутите притисокот на Македонија растеше и беше прашање на време кога ќе падне вториот гол. Се играше 68-та минута кога капитенот Пандев прекрасно асистираше за Несторовски, кој со максимално прецизен удар со глава ја удвои предноста на 0:2.

Домашните се обидоа да се отворат, но оставија многу простор во одбрана, а тоа го искористија нашите репрезентативци кои во 73-тата минута преку Несторовски погодија за 0:3. Во 89-тата минута Несторовски беше фаулиран во 16-те метри и доби пенал, а се покажа непишаното правило да не шутира играчот над кој е направен пеналот. Нестовски биеше на средината на голот, а лесно одбрани Јехле. Сепак на крајот подовите отидоа на наше конто, за прва победа во овие квалификации.

SOCIAL

16,108FansLike
938FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
Secured By miniOrange