Autmind дел од музичко уметничката симбиоза во Порта џез

0
383

Групата Autmind (Игор Атанасоски Харе, Жарко Пејковски Ж’ба и Калина Велковска), гостуваа во Битола, повторно во кафе бар Порта џез.
Во периодов се актуелни со песната и спот за Гласно, кој е во режија на Александар Јанковиќ Фриц.
Autmind е бенд формиран во 2006 тата година, но сегашната постава е финализирана со влегувањето на вокалот Калина.
Со песната Не ми треба никој се застапени на албумот Од другата страна- Падот на Византија.

Настанот кој се одржа во Битола претставуваше симбиоза на фотографиите на Еди Станковски и музиката на бендот Аутмајнд.