Авантуристички туризам во Пелагонија

0
188

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион започна со реа лизација на нов проект чија цел е развој и промоција на Пелагонија како дестинација за авантуристички туризам. Во рамките на овој проект ќе бидат изработени Студија за авантуристички туризам во Пелагонија, визуелен идентитет на регионот како дестинација за авантуристички туризам и јакнење на регионалните капацитети за управување на Пелагонија како дестинација за авантуристички туризам.
За потребите на Студијата ќе се направи попис и валоризација на целокупното туристичко богатство во регионот на Пелагонија. Студијата ќе биде изработена по опсежна консултација со сите засегнати страни од регионот и земјата а како нејзини краткорочни резултати се очекува да се дефинираат две или три тури како конкретен туристички производ наменет за странски и домашни посетители.
Визуелниот идентитет ќе овозможи препознатливост и униформност на промоцијата на регионот и неговата авантуристичка понуда пред домашните и странските туристи.

IZJAVA_GEROSKA_001.jpg
За да се обезбеди одржливост на управувањето со Пелагонија како дестинација за авантуристички туризам, за Градоначалниците од Пелагонискиот регион ќе биде реализирано студиско патување во Италија како земја со одлични резултати во организирање и управување на авантуристички туризам.
По реализацијата на проектот, се очекува за првпат деветте општини од Пелагонија да изработат заедничка туристичка понуда која ќе ја продолжи сезоната надвор од веќепостоечките рамки и ќе отвори нови пазари за продажба на Пелагонискиот туристички производ.
Средствата за реализација на проектот во висина од 30.000 евра се обезбедени од ГТЗ (Германското друштво за интернационална соработка) и Делегацијата на Европската Унија во РМ.