Авиодезинсекција во трите општини

0
271
Spraying Biplane

Како општа противепидемиска мерка за заштита на населението од болести кои се пренесуваат преку комарците на зафатените поплавени подрачја, Центарот за јавно здравје Битола вчера ја спроведе втората авионска адултна дезинсекција за уништување на комарците во општините Битола, Новаци и Могила. Авионската дезинсекција се спроведе во утринските часови од 5 до 8 часот во сите три општини.

Во Битола беше опфатено течението на реката Драгор од локалитетот „Мал Париз“ преку селото Д.Оризари до сливот во река Црна. Беше опфатен и зелениот појас на Тумбе Кафе, рибникот Жабени, Старата тулана, локацијата кај с. Оптичари и с. Егри, Петтиот канал, Логовардскиот канал.

Во Новаци беше опфатен 13-тиот канал, локацијата кај с. Гнеотино од десна страна на 10-ти канал, левата страна кон с.Гнеотино, деветтиот и десеттиот канал.

Во Могила со авиодезинсекцијата беше зафатен сливот на реката Шемница во Црна, кај селото Радобор, како и деветтиот канал.