Авион ја проби оградата на аеродромот во Милано

0
482

Карго-авион „боинг 737“ утринава при слетувањето на аеродромот „Орио ал Серио“ во Италија не успеал да се сопре на пистата, по што ја пробил оградата и излегол на автопатот, на кој во тој момент имало автомобили.

Инцидентот се случил околу четири часот наутро во Бергамо, во близина на Милано. Авионот летал од аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз.