Авион на „Египет ер“ слета принудно поради дојава за бомба

0
321

Авион на египетската компанија „Египет ер“ денеска принудно слета во Узбекистан поради дојава за бомба, јавија локалните медиуми.

Авион на летот Каиро – Пекинг бил принуден да слета откако анонимно било дојавено дека во леталото има експлозив, пренесуваат британските медиуми.

Сите 118 патници и 17 членови на екипажот се евакуирани, а во авионот се врши истрага со цел да се утврди дали во него навистина има експлозивна направа.

Минатиот месец авион на „Египет ер“ на летот Париз – Каиро се урна во Средоземното Море, при што загинаа сите 66 патници и членови на екипажот.