Авион на „Фронтекс“ се урна на Малта

0
422

Авион со претставници на ЕУ се урна во Малта, барем пет лица загинале, соопшти агенцијата Ројтерс. Според извори на весникот „Тајмс оф Малта“, станува збор за авион на граничната агенција „Фронтекс“, кој се упатил за градот Мисрата во Либија.

Сведок раскажува за медиумите дека авионот полетал, но потоа се навалил надесно и се урнал во земјата.