Авион со 300 патници се запали на аеродромот во Дубаи

0
556
Авион на компанијата „Емирати“ денес силно удрил на пистата при слетувањето на аеродромот во Дубаи по што отпаднале делови од авионот и потоа се запалил.

Според првичните информации, авионот „ЕК251“ се судрил околу 12:45 часот по локално време, а истиот во Дубаи пристигнал од Индија. Од компанијата соопштија дека во авионот имало 275 патници, а спасувачките екипи веќе се на терен.

„Остваривме целосна соработка со властите и итните служби за контрола на ситуацијата“, објавија на Твитер.

Патниците биле евакуирани, а на социјалните мрежи се појавија информации дека неколку патници биле повредени во несреќата.