Авион за Париз пренасочен поради закана од бомба

0
288

Авион на компанијата „Ер Франс“ пренасочен е за Монтреал поради дојава за поставена бомба, пишува „Раша тудеј“.

Летот од Сан Франциско за Париз со 231 патник и 15 членови на екипажот слета сигурно на аеродромот „Трудо“, а патниците се евакуирани во групи по 50 луѓе. Истрагата за бомбата е во тек, а некои патници објавиле фотографии од внатрешноста на авионот.

Полицијата во Монтреал ги испрашува патниците на авионот во кој во Париз требаше да слета во вторник наутро.