Австралија ги поддржа истополовите бракови

0
429

Австралијанците прославуваат низ улиците ширум земјата откако резултатите на двомесечната национална анкета покажаа масовна поддршка за легализацијата на истополовите бракови.

Доцна синоќа австралиското Биро за статистика ги објави резултатите кои покажаа дека 61 отсто од популацијата гласала „за“ легализација на истополовите бракови, а 38 отсто гласале против.

Чад во бои на виножитото, конфети и радости се излеаја низ центарот на Мелбурн, пренесоа светските медиуми. Луѓето се собираа да ги прослават резултатите.

Австралиската ЛГБТ заедница на почетокот на гласањето беше против ваква проверка на јавното мислење, очекувајќи силна кампања „против“.

Сепак, австралија има долга поддршка на правата на ЛГБТ-заедницата, но повеќе досегашни влади го одлагаа гласањето за промената на традиционалните закони. Се очекува сегашната власт да постапи според волјата на мнозинството и официјални да ги легализира истополовите бракови.