Австралиската полиција уапси момче кое планирало терористички напади

0
402

Австралиската полиција уапсила и покренала обвинение за тероризам на тинејџер, кој планирал напади на денешното одбележување на „Денот на Анзак“.

Шеснаесетгодишното момче било уапсено во близина на својот дом во Сиднеј вчера и денеска ќе се јави пред суд за малолетници, соопшти полицијата.

Максималната пресуда по покренатите обвиненија е доживотен затвор.

„Денот на Анзак“ се слави секоја година на 25 април во Австралија, Нов Зеланд и други пацифички држави.

Toa e годишнината од кампањата на австралиските и новозеландските армиски единици кај Галиполи, наречени Анзак за време на Првата светска војна. Многу австралиски и новозеландски војници учествуваа во судирите при што загинаа.

Без коментари

LEAVE A REPLY