Австрија ги забранува бурките

0
290

Австрискиот Парламент доцна синоќа усвои закон со кој се забранува носење во јавноста на облека која целосно го покрива лицето, како што се бурките.

Одредбата е дел од поширокиот интеграциски закон, на кој Владата продолжи да се работи и покрај несогласувањата во владејачката коалција, јави ДПА.

Од октомври, носењето на облека што целосно го покрива лицето во јавност ќе се казнува со глоба од 150 евра.

Се уште не е познато колку лица би можеле да се соочат со казни поради ова мерката.

Со друг дел од новиот закон се забранува ширењето на Куранот и се бара од сите мигранти во Австрија да преминат „интеграциска година“ во која ќе учат германски јазик и етички правила.

Таа одредба е насочена кон бегалците и азилантите за кои се проценува дека имаат добри шанси да останат во Австрија.