Австрија најави враќање на пристигнатите бегалци од Хрватска и Словенија

0
210

Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер денеска изјави дека е зачудена како ниту еден од илегалните имигранти што минаа низ Хрватска и Словенија не побарале азил во овие земји.

Микл-Лајтнер истакна дека Даблинските правила за азил на ЕУ се однесуваат и на Хрватска и Словенија, па затоа Австрија ќе иницира враќање на бегалците што влегле во земјата во овие две држави.

– Никој не верува дека овие две земји се без иднина, истакна Микл-Лајтнер.

Без коментари

LEAVE A REPLY