Австрија планира да ја урне родната куќа на Хитлер

0
293

Австриските власти планираат да ја урнат родната куќа на германскиот нацистички водач Адолф Хилер во местото Браунау на Ин, за да спречат таа да се претвори во своевидно светилиште за неонацистите, јави австрискиот јавен сервис ORF.

„За мене уривањето на куќата (на Адолф Хитлер – з.р.), како и во случајот на куќата на Јозеф Фрицл (злосторник кој во австриски Амштетен својата ќерка и внуки со години ги силувал и ги држел заточени во подрумот – з.р.) е најчистото решение“, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Соботка.

Австриската влада во моментов работи на закон кој би овозможил национализирање на куќата во центарот на местото Браунау на Ин со 16 илјади жители, на австриско-германската граница.

Државата оваа приватна зграда ја изнајми во 1972 година до повлечената пензионерка Герлинда Помер и досега ја користеше за разни цели, меѓу другото и како дом за лица со инвалидитет. Во 2014 година Владата предложи во куќата да се смести центарот за обуки на возрасни лица и имигранти или локалната социјална служба, а дало понуда и да ја откупи. Сопственичката, меѓутоа, досега не одговорила.

Семејството Хитлер во куќата живеело кусо по раѓањето на Адолф на 20-ти април 1889 година,. Неговите родители Карла и Алојз во оваа куќа имале изнајмено апартман над локал кој сега е паб. Тука семејството живеело до 1892 година. кога се преселиле во Линц, кога идниот лидер на Третиот рајх мал три години, бидејќи таткото како цариник често го менувал местото на служба.

Досегашните идеи куќата да биде претворена во меморијален центар „Кучќа на одговорноста“ пропаднаа. Пред куќата е поставен камен со неутрално предупредување на милионите жртви во Втората светска војна, но со ништо не се укажува дека во неа е роден еден од најголеми злосторници во историјата.

Самиот Хитлер никогаш не придавал голема важноста на Браунау на Ин, туку на други градови во Австрија кои имаат значење за неговата политичка кариера, како Линц или Виена. При една посета на местото, по анектирањето на Австрија на Германија во 1938 година, фирерот во својата лимузина сам минал пред својата родна куќа.

Сопственичката на куќата во ноември 2009 година ја изложи на продажба со цена од 2,2 милиони евра. Помер тогаш изјави дека сака да ја продаде куќата која во времето кога се родил фашистичкиот водач ја поседувала нејзината фамилија. Таа својата одлука за продажба ја објасни како товар на минатото.

По оваа најава, австриските власти стравуваа дека куќата може да биде купена од неонацисти и да стане своевидно нивно „светилиште“. Тогашниот градоначалник на гратчето Браунау, Герхард Скиба, изјави дека би било идеално кога градот би можел да ја откупи куќата и така да се контролира нејзината иднина. Но градот немаше пари, па ѝ се обрати на владата во Виена да му помогне во решавањето на проблемот, но до денес овој проблем не е решен.

Меѓутоа, кога Помер подоцна во 2011 година одби куќата да се преуреди за потребите на лицата со хендикеп, работилницата се исели.

Пред две години владата предложила во куќата да се смести центарот за обуки на возрасни лица и имигранти или локалната социјална служба, а дала понуда и да ја откупи. Сопственичката, меѓутоа, не одговорила.

Тоа, меѓутоа, законски би можело да биде многу тешко изводливо, освен, тврди водечкиот австриски професор по право, доколку Помер нема намера куќата да ја претвори во спомен дом на Хитлер или нешто друго што би го величало.

Браунау, гратче со 16 илјади жители покрај границата со Германија, долго работи на тоа да се помири со фактот дека е родното место на Адолф Хитлер. Здружението на Котанко организира трибини и научни конференции, улиците го добиле имињата по жртвите на нацизмот и борците на отпорот, а каменот од блискиот концентрационен логор Матхаузен е поставен пред куќата како споменик. „За мир, слобода и демократија. Никогаш повеќе фашизам. Милионите мртви не’ опоменуваат“, стои на натписот.

Меѓутоа, куќата на Хитлер и натаму има голема улога во свеста на локалните жители, предупреди лани сегашниот градоначалник Хојанес Вајдбахер. „Нашата цел е да сториме сé што можеме куќата да не стане место за аџилак на неонацистите“, додаде.

Постојат идеи кои одат во спротивна насока. Антинацистичката група „Exit Deutschland“ предложи во куќата да биде сместен центар кои би ги убедувал и би им помагал на неонацистите да се откажат до своите убедувања и да ја напуштат крајната десница по примерот на слична програма којашто успешно се спроведува во Германија.

Меѓутоа, за спроведува на која и да е идеја во прв ред треба да биде решен проблемот со сопственичката. Освен одземањето на правото на сопственост, Австрија би можела да го откаже договорот за наем и така на Помер да ѝ ја скрати месечната рента од 4.800 евра, и да се стекне со предност во преговорите.

Возрасните жители сега се присетуваат дека постоела уште една опција којашто Австрија и градот Браунау ќе ги ослободела од овој товар. Имено, на крајот од Втората светска војна, во мај 1945 година американските единици го заземале Браунау. Доколку американците биле малку помалку ревносни во „чистењето“ на градот, последната единици на Вермахтот би можела да има време да ја исполни последната наредба на фирерот – неговата родна куќа да биде крената во воздух./крај/мф/сн