Австрија привремено го суспендира Шенген

0
437

Австриските власти привремено го суспендираат Шенгенскиот договор и воведуваат засилени контроли на лицата кои влегуваат во земјата, најавува австрискиот канцелар Вернер Фајман.
„Секој кој доаѓа кај нас, ќе биде зајакнато проверуван“, вели австрискиот канцелар Вернер Фајман во интервјуто за весникот Oesterreich, коешто ќе биде во целост објавено во неделата.

Според него, австриските власти имаа намера, „како и Германија, засилено да ги контролираат границите и да ги депортираат бегалците“. Така, според Фајман, лицата коишто не полагаат право на бегалски стастус или немаат поднесено соодветни барања во Австрија, ќе бидат депортирани.

„На границите е задолжително да се има кај себе веродостоен документ за идентификација и да се покаже по барање на властите. Доколку ЕУ тоа не го прави, не ги заштитува надворешните граници, во прашање се доведува Шенеген како таков. Тогаш секоја земја мора да ги контролира своите национални граници“, додава канцеларот.

Овој потег на Австрија всушност значи дека е суспендиран Шенгенскиот договор за слободно патување. Во Шенген зоната во моментов има 26 членки, од кои четири не се членки на Европската унија. Идејата за овој договор е да им се овозможи на граѓаните од земјите во Шенгенската зона слободно да патуваат во која и да е земја без гранична контрола, а оние надвор од зоната со една заедничка виза која важи за целиот простор.

Изминатиот период низа европски земји, како Норвешка, Шведска и Данска, привремено ги вратија контролите на граничните премини, за да се ограничи протокот на бегалците на нивните територии. Според пограничната агенција на ЕУ – Фронтекс, во текот на 2015 година, во Европската унија влегле повеќе од 1,2 милиони имигранти./крај/мф/сн