Австрија сака Грција да ги задржи имигрантите кај себе

0
374

Австрискиот министер за надворешни работи побара во четвртокот од Грција да престане да им дозволува на имигрантите кои пристигнуваат а нејзина теоријата да го продолжат патот кон северот на Европа, како и за нив да се грижи во центрите за прифаќање.

„Мораме да ја прекинеме политиката на Грција којашто се состои во пропуштање мигранти кон север. Невозможно е на оние коишто ќе успеат да дојдат до Грција да им се дозволи да го продолжат патот“, изјави шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц во интервјуто за германскиот дневен весник Sueddeutsche Zeitung.

„Работиме на тоа Грција да ги отвори прифатните центри со помош на ЕУ, за да ги згрижи луѓето на самото место, а вршиме притисок бидејќи ништо не се случува“, додава Курц, чијашто земја значително ги заостри ставовите наспроти бегалците последните седмици решавајќи се за точно одредена бројка мигранти коишто дневно ќе ги пропушта на својата територија.

Грција, којашто соопшти дека во моментов на нејзина територија се наоѓаат 23.000 имигранти и бегалци, кон половината на февруари отвори четири од ветените пет центри за прифаќање на своите острови, со неколку месеци задоцнување од договореното./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY