Австрија загрижена од влијанието на Турција

0
257

Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц изрази загриженост поради зголеменото влијание на муслиманските земји врз државите од Западен Балкан.

Тој наведе дека се залага за забрзување на процесот за пристапување на земјите од Западен Балкан кон Европската унија.

Курц, во интервјуто за германскиот весник „Хенделсблат“, нагласи дека е загрижен поради растечкото влијание на Турција, како и на Саудиска Арабија, врз Западен Балкан.

– Во Сараево или Приштина, на пример, на жените им плаќаат да излегуваат на улица покриени, со цел да ја променат сликата за градот, објасни австрискиот министер за надворешни работи.

Курц истакна дека на тоа „не смее да се гледа без дејствување“.

 

Без коментари