Австријците во трет обид да изберат претседател на државата

0
171

Австријците решаваат денеска кој ќе биде претседател на републиката следните 6 години. Право на глас имаат 6,4 милиони гласачи.

До финалето стигнаа независниот кандидат и поранешен лидер на партијата “Зелените” Александер Ван дер Белен и кандидатот на десната популистичка Австриска партија на слободата (АПС) Норберт Хофер.

Последните социолошки анкети покажаа подеднакви шанси на двајцата претенденти. Не е исклучено разликата меѓу нив да биде помалку од еден процент.

Во текот на предизборната кампања Хофер ja омекна  популистичката реторика и изјавил дека со  победа нема да ја распушти владата, ниту ќе се стреми да ја извади Австрија од ЕУ. За возврат Ван дер Бела вети дека ќе ја намали невработеноста и  го повика населението да се откаже од радикалните убедувања, изразувања од популистичките движења.