Австриска војска на границата на Македонија

0
699

Австриската војска во моментов ја анализира ситуацијата на границата на Македонија со цел пружање поддршка на земјата во обезбедувањето на границата, објави виенскиот дневен весник „Стандард“.

Министерството за одбрана на Австрија интензивно работи на извештај за можна поддршка на Македонија во бегалската криза.

До средата петмина претставници од австриското Министерство престојуваа во Македонија, потврди за „Стандард“ портпаролот на министерот за одбрана Ханс Петер Доскоцил. Делегацијата ја извидила ситуацијата на границата, а Доскоцил на македонскиот претседател ја вети поддршката уште кон почетокот на месецот.

Австрија е подготвена да упати војска, опрема, но и хуманитарна помош во Македонија.

– Македонците ќе одлучат што им е потребно, нагласуваат во австриското Министерство за одбрана.

Упатувањето војска на македонската граница, Австрија може да го покрие со Законот за учество на војската во меѓународни мисии, во кој се наведува дека единици и поединци можат да бидат упатени во странство со цел пружање хуманитарна помош и помош после елементарна непогода.

– Ако илјадници сириски бегалци се наоѓаат на македонската граница, тогаш тоа е хуманитарно вонредна ситуација, истакнуваат во австриското Министерство, пренесува весникот. Сепак, упатувањето на војската ќе мора да биде одобрено и од австрискиот Парламент.