Автобусите со бегалци се пренасочуваат кон Хрватска

0
1612

Автобусите кои во изминатите денови ги превезуваа бегалците од Прешево кон границата со Унгарија во вторникот вечерта се пренасочуваат кон Шид и границата со Хрватска, јави Б92.

На репортерот на Б92 кој се наоѓа во Прешево еден од возачите на автобусите му рекол дека им е наложено сите бегалци да се возат за Шид.

На автобуската станица во Прешево има повеќе автобуси кои се подготвуваат да тргнат, а на таблите пишува-Шид.

До оваа драматична промена на рутата со која се превезуваат бегалците дојде по денешното затворање на граничите премини на Унгарија со Србија, при што стотици бегалци остана „заробени“ во пограничниот простор.

Блиц јави дека на возачите им било кажано да не застануваат сѐ додека сите бегалци не бидат префрлени до границата со Хрватска. Покрај тоа, полицијата сите автобуси кои евентуално тргнале кон границата со Унгарија ги пренасочува кон Хрватска.

Од друга страна хрватските власти уверуваат дека се подготвени да примат голем бран на бегалци, но се изнесени детали, пишува Index.

Хрватска има подготвен план за евентуална вонредна состојба со доаѓање на голем број на бегалци, рече министерот за внатрешни работи, Ранко Остоиќ. /крај/мф/ап