Автобуска несреќа во Франција, повредени 13 тинејџери

0
309

Повредени се 13 лица кога автобус што преезувал тинејџери од Велс се превртел на истокот на Франција, пренесуваат локалните медиуми.
Автобусот се движел кон Италија кога излетал од патот во блискиот ендек, во близина на границата со Швајцарија.

Повеќето од патниците биле на возраст од 14 до 17 години, а тројца од нив се потешко повредени, и со хеликоптери биле префрлени во болница. Патот по несреќата бил затворен.

Француската полиција соопшти дека во сообраќајката не учествувале други возила, а британското Министерство за надворешни работи ги истражува околностите кои довеле до несреќата. /крај/он/ст