Автомобил се заби во публика на парада во САД, тројца мртви и осум критично

0
171

Најмалку тројца луѓе загинаа а дваесетина се повредени од кои осум се во критична состојба, кога автомобил со голема брзина се забил во публиката која проследувала универзитетска парада за поранешните студенти од државниот Универзитет Оклахома во местото Стилвотер, соопшти во саботата полицијата.

Автомобилот со голема брзина удрил во ниската препрека, а пота изминувајќи неколку метри влетал во масата луѓе и удрил во столб за улично осветлување. Според очевидци, возилото, исто така, соборило полицаец на мотоцикл.

Возачот на автомобилот, 25-годишната Адасија Чемберс е приведена, а полицијата се сомнева дека била под влијание на алкохол, рекол офицерот Кајл Гибс. Според него, 22 луѓе се повредени, од кои осум се во критична состојба.

„Овде сум 29 години и не можам да се сетам на ваков голем инцидент“, рекол Гибс за новинарите. Додал дека најверојатно приведената не е студент на Универзитетот Оклахома./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY