Автомобил влетал во шестмина француски војници во Париз

0
284

Шест војници се повредени изутринава во Париз, откако возило влетало во нив, пренесува британски „Дејли мејл“.

Автомобилот, наводно, намерно удрил во војниците, од кои двајца се потешко повредени, во предградието Левалоа-Пере во францускиот главен град.

Полицијата трага по возачот, кој е во бегство по инцидентот.

Војниците учествувале во операцијата „Сентинел“, која е дел од антитерористичките мерки по нападите во Париз во 2015 година.

Без коментари