Автошколите на протест, бараат укинување на одлуката за снимање

0
503

На мирен протест пред Владата преку стотина сопственици и вработени во автошколите од цела Македонија побараа укинување на измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Не се согласуваат со новите законски измени според кои се налага обуката на кандидатот за возач и возачот-инструктор да се снима со двострана камера, која снима и напред и назад. Автошколите треба да инвестираат камери и во просториите каде ќе се одвива практичната настава и во возилата која треба да биде одалечена на 30 сантиметри од инструкторот и кандидатот.

Друг поголем проблем за автошколите е архивирањето на снимките од секој кандидат. Од автошколите се жалат дека ќе треба да набават скапа техника како и стручен кадар по информатика што за нив е неприфатливо. Дел од автошколите веќе ги имаат вградено камерите но и тие не може да ги користат. Тие велат дека со примената на овие измени се доведува до прашање опстанокот на автошколите кои во земјава ги има вкупно 144.

Автошколите кои нема да инсталираат или користат камери ќе треба да платат казни и до 8 200 евра, а доколку камерите не функционираат во моментот додека се одвива обуката автошколите ќе треба да го повторат наставниот час. Досега средба оствариле со претставници од Министерството за внатрешни работи, но не наишле на компромис, а поднеселе е иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на овој член од Законот, бидејќи според нив, нема професија која може да работи под таков притисок. Најавија дека утре повторно ќе дојдат пред Владата.