Азилантите и бегалците си заминуваат од Виена

0
438

По финските, и австриските власти јавуваат дека барателите на азил од Авганистан, Ирак и Косово сѐ почесто се решаваат да се вратат во своите домови бидејќи очекувале подобра социјална заштита и пократка постапка за азил во Австрија, пишува Локал.

Податоците на австриското министерство за внатрешни работи откриваат дека од јануари до ноември годинава земјата доброволно ја напуштиле 1.100 Косовци. Германија и Австрија Косово го сметаат за безбедна земја на потекло поради што барателите на азил имаат мали или никакви шанси тој да им биде одобрен.

Подобри шанси имаат Ирачаните и Авганистанците, но и меѓу нив е забележан растечки тренд на враќање дома. Во Ирак во истиот период се вратиле 530, а во Авганистан 120 луѓе. „Овој тренд стана позабележлив од почетокот на септември“, изјави портпаролот на министерството Карл Хајнц Грундбек.

„МНогумина се плашат од депортирање и понижувањето што тоа го претставува“, изјави портпаролот на Каритас Мартин Гантнер и додаде дека луѓето имаат различни причини, меѓу кои најчести се желбата да се види семејството и неисполнетите очекувања од Европа и Австрија. „За нив има многу несигурност тука во Австрија, бројни бегалци се трауматизирани и потребно им е чувство на безбедност“.

Тројца Ирачани во своите дваесетти години за весникот Куриер изјавиле дека планираат да заминат дома утре, по три месеци престој во Австрија. Тие сите се компјутерски инженери кои се надевале на подобар живот. „Ние сакавме мир, слобода и иднина“, изјавил 23-годишниот Мукдад кој со пријателите живее во виенско прифатилиште за бегалци.

www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY