Баерн и Барса ги комплетираа четвртфиналистите во ЛШ

0
387
"MUNICH, GERMANY - MARCH 16: Thomas Muller (2nd R) of Bayern Muenchen celebrates scoring his team's second goal with his team mates Robert Lewandowski (1st R), David Alaba (1st L) and Douglas Costa (2nd L) during the UEFA Champions League round of 16, second Leg match between FC Bayern Muenchen and Juventus at the Allianz Arena on March 16, 2016 in Munich, Germany. (Photo by Alex Grimm/Bongarts/Getty Images)"

Барселона и Баерн ја комплетираа листата на тиови кои се пласираа во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Во средата, Барселона го потврди пласманот меѓу најдобрите осум во Европа, со втората победа над Арсенал (3:1), додека Баерн во драматичен меч, по продолженијата славеше над Јувентус со 4:2. Баварците во регуларниот дел ја стигнаа негативата од 0:2, со голот на Милер во 91.минута.

Пол Погба, во раната фаза на мечот ги олади Баварците, со голот за 0:1. Кедира испрати долга топка на Лихштајнер, Алаба и Нојер катастрофално реагираа, а Погба мирно од шеснаесет метри ја погоди празната мрежа. Баерн тешко се справуваше со високиот пресинг на Јувентус, го имаше поседот на топката, но без конкретна идеа во играта.

Јуве иако дефанзивно оријентиран опасно се закануваше од притив нападите. Еден таков на Мората донесе нова промена на резултатот. Ладен туш за Баварците и 70-илјадната публика на „Алијанц Арена“, режираше Шпанецот, тој го претрча речиси целиот терен, остави зад себе шестмина противнички играчи, ја остави топката за Квадрадо, а Колумбиецот рутинирано го совлада Нојер.

Квадрадо имаше меч топка во 44.минута, Погба испрати топка по земја во петерецот на Нојер, Колумбиецот упати удар но голманот на Баерн успеа да одбрани. Стартот на второто полувреме не донесе промена во играта на двата тима, Јувентус по рецептот од првото полувреме се закануваше од контранапади, а Мората имаше две шанси да го реши мечот. Шпанецот во 53.минута премногу слабо биеше во Нојер, а во 55.минута неговиот удар во последен момент Алаба го изби во корнер.

И покрај промашените шанси Јувентус добро стоеше на теренот, Баерн кружеше околу зоната на противникот без да создаде конкретна шанса. Првата вистинска аквција на мечот му го донесе првиот гол на мечот, Даглас Коста нафрли во петерецот, каде со глава ја дочека Левандовски, кој намали на 1:2. Од тој момент Јувентус целосно се повлече, со петмина во централната дефанзивна линија, која лесно ги одбиваше очајничките напади на Баерн.

Вториот гол Баерн го постигна во 91.минута, по речиси идентична акција како и при постигнувањето на првиот гол. Асистент беше Коман, екс играчот на Јуве, испрати совршен центаршут, Милер заборавен сам на втората статива израмни на 2:2 и го однесе мечот во продолженија. Јувентус прв се закани во продолжението, Манџукич остави топка за Лихштајнер, чии удар од работ на шеснаесетникот немаше доволно сила, па Нојер лесно одбрани.

По првото продолжение резултатот остана 2:2, во второто, на самиот старт делириум на трибините предизвика Тиаго Алкантара, кој доби повратна топка од Милер и во 108.минута пласираше крај немоќниот Буфон. Само две минути подоцна Коман ги реши сите дилеми околу победникот, младиот Французин постигна брилијантен гол за конечни 4:2.

За разлика од мечот во Минхен, во Барселона немаше никава неизвеснот околу победникот. Барса на првиот меч со Арсенал победи со 2:0, а во реваншот славеше со 3:1, со головите на триото Нејмар, Суарез, Меси. Почесниот гол за Арсенал го постигна Елнени.

Четвртфиналната ждрепка во Лигата на шампионите ќе биде извршена в петок, а во барабанот ќе бидат: Барселона, Реал и Атлетико Мадрид, ПСЖ, Баерн Минхен, Волфсбург, Бенфика и Манчестер Сити.

Без коментари

LEAVE A REPLY