Багдади е мртов, имаме нов калиф

0
666

Исламска држава, наводно потврдила дека нејзиниот досегашен лидер Абу Бакр ал-Багдади е убиен.

Руски ТАС ја пренесува информацијата на Телевизијата Ал Сумарија, која јави дека, според извори од Ирак, Исламска држава лиферувала кусо соопштение во кое објавува дека Багдади е мртов.

Во соопштението на џихадистите наводно се наведува и името на „новиот калиф“, но тоа не е објавено.

Руското Министерство за одбрана уште минатиот месец објави дека според непотврдени инфромации, во еден воздушен напад руската војска го убила лидерот на исламска држава и 300 екстремисти.

Подоцна рускиот шеф на дипломатијата рекол дека „нема докази“, но дека Багдади најверојатно бил убиен во тој напад.

Без коментари