Бајден венча геј двојка

0
236

Потпретседателот на САД Џо Бајден денеска венча истополова двојка. Тој го склучи бракот меѓу Џо Меншир и Брајан Монстелер, долгогодишни соработници во Белата куќа. Тие го замолиле Бајден да го изведе чинот на граѓанско венчавање, соопшти Белата куќа, а церемонијата била изведена во резиденцијата на Бајден. Тој на Твитер напиша дека е горд што венчавката се случила во неговата куќа и дека е среќен што венчал двајца соработници на Белата куќа и двајца добри луѓе. Бајден во 2012 јавно го поддржа стапувањето во брак на истополови парови за време на кампањата за реизбор на Обама за претседател на САД.