Бајпас на свлечиштето кај Драгарино

0
337

Директорите на ЈП Стрежево и РЕК Битола денес на терен кај свлечиштето кај Драгарино кое предизвика проблем со водоснабдувањето. Започнаа со реализација на новиот план, правење бајпас, околу свлечиштето.DRAGARINO 1

осле констатацијата дека објектот Г0 е статички нестабилен, во консултација со Градежен факултет од Скопје и со обезбедената логистика поддршка од владата, одлучивме да се изработи целосно бајпасирање на свлечиштето. Бајпасирањето значи дека ќе се направи лимен отворен канал во должина од 140 метри кој ќе овозможи пропуштање на 7 до 8 м3 вода во секунда, доволна количина за да ги задоволи потребите за наводнување на земјоделците, изјави Марјан Ѓероски, директор на ЈП Стрежево. MARJAN

РЕК Битола нема проблеми со водоснабдувањето, вели директорот на РЕК Битола и вели дека се снабдуваат од суводолското езеро и Црна. JOVKO

аботењето на РЕК Битола е безбедно и водоснабдувањето на комбинатот се одвива континуирано. Од страна на РЕК Битола обезбедени се механизација и човечки ресурси кои се потребни за целосна санација на активираното свлечиште. Моментално, наводнувањето на РЕК Битола се одвива преку Суводолското езеро како и преку водата која се добива од ЈП Стрежево од реките Црна и Шемница. Со тоа, се обезбедува доволно количество на вода за нормално функционирање на РЕК Битола, изјави Јовко Крстевски, директор на РЕК Битола. DRAGARINO 2