Бајрамовска и Крим во полуфиналето на КПК

0
598

Македонската интернационалка, Мирјета Бајрамовска со словенечки Крим во реванш дуелот од четвртфиналето од КПК пред своја публика, славеше над Кристијанштад со 30:20 (14:8) и ќе игра во историски полуфинале на КПК. Со ова убедлива победа ја надополни негативата од првиот меч, кој го загуби со 29:27 и се пласира во полуфиналето од ова натпреварување. На овој меч битолчанката постигна 6 погодоци, па ако се земе фактот дека во првиот меч постигна 10 гола, тогаш сигурно дека е најзаслужна за овој успех на Крим. Во полуфиналето Крим силите ќе ги одмери со екипата на Лада од Русија.