Балабан не влезе во финалето и го освои 42. место

0
377

Нашата олимпијка, Нина Балабан, со погодени 407,7 кругови го освои 42. место во дисциплината 10 метри – воздушна пушка во првиот натпреварувачки ден на Игрите во Рио Де женеиро.

Во финалето, кое е закажано од 15:30 часот, се пласираа најдобрите осум од квалификациите, од вкупно 51 натпреварувачка пријавена во оваа дисциплина.

Нашата пливачка, Анастасија Богдановски, втора по ред од нашата експедиција в понеделник (8. август) од 18:30 часот по македонско време ќе плива во квалификациите на 200 метри слободно.