Балетот Шехерезада го отвори 24-тиот Интерфест

0
283

24-тото издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест Битола“ во големата сала на Центарот за култура, свечено беше отворено со балетскиот музички спектакл „Шехерезада“ на Николај Римски Корсаков, во изведба на ансамблот на Македонската опера и балет.
Со ова дело се отвори и концертната сезона во МОБ.
Оваа година на Интерфест, реномирани уметници од 11 држави.slika balet2
На сцената настапија прима-балерината Александра Мијалкова и балет- мајсторот од Грузија Васил Чичијашвили .
Мијалкова освен во Шехерезада, настапува и во Дамата со камелии, Лебедово езеро а во моментов се припрема нова претстава по музика на Мануел де Фаља.
Интерфест до 12 ти октомври ,ќе биде празник на класичната музика со светски реномирани уметници.

Без коментари

LEAVE A REPLY