Балетското дело 14 часа премиерно во Битола

0
330

Современото балетско дело „14 часа“ на Македонската опера и балет, беше изведено во Центарот за култура во Битола.

Инспирирано од дуетот Not too lose, на авторско изведувачкото дуо Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили, низ синџир од 12 сцени, ги разработува женско-машките односи, преку ликовите на Лили и Марк.

Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров, костимите на Александар Ношпал, а режијата и либретото на Наташа Поплавска.

Играат Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Дафина Данилоска, Васил Чичијашвили (Грузија), Бобан Ковачевски, Игор Веланоски, Јан Кисилев, Агим Бафтии.