Балканот денеска се тресе

0
3511

Серија земјотреси се регистрирани на Балканот во изминативе 12 часа. По неколкуте земјотреси во Македонија вчера доцна попладне, во текот на ноќта и утрово регистрирани се два потреса во соседна Бугарија во близина на границата со Македонија. Кај Сандански два земјотреса со јачина од 4,5 и 2,3 степени пио Рихтер.

Исто така и во Албанија е регистриран земјотрес, но со послаб интернзитет од 2.1 степен по Рихтер.

И во Грција во изминатот деноноќие се регистрирани неколку потреси.

Последниот земјотрес во Македонија е регистриран утрово во 5:28 часот, но со слаб интернзитет од 2.1 степен по Рихтер, од истото епицентрално подрачје како вчерашните силни потреси.

Вчера во 21.15 часот регистриран е земјотрес со јачина од 2.8 степени според Рихтер со епицентар 8 километри северно од Јанковец. Во 0.33 часот земјотрес со јачина од 2.5 степени на 13 километри северо-западно од Ресен и во 1.16 часот земјотрес со јачина од 2.4 на 9 километри  јужно од Другово.