Балканот се стресе 11 пати за два часа

0
572

Во Албанија и Словенија беа регистрирани неколку земјотреси посилни од 5 степени по Рихтер, а биле почувствувани речиси на целиот Балкански Полуостров – во Македонија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и дел од Турција.

Најсилниот земјотрес утрово во 7,26 часот бил регистриран во Албанија, 30 километри од Тирана и 10 километри длабоко во епицентарот со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала. Овој земјотрес бил почувствуван во цела западна Македонија и во Скопје и Битола со 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотреси имало и во Словенија, во близина на нуклеарната централа во Кршко, со јачина од 4,8 степени. Потресот бил почувствуван и во Хрватска и во Италија.

Помали земјотреси имало и на границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина со интензитет од 3,3 степени според Европската макросеизмичка скала.

 Од утрово сеизмичките лаборатории на Балканот за два часа регистрирале вкупно 11 помали или поголеми земјотреси.

Засега нема информации за материјални штети.