Балканот во битка со корупцијата од јавните набавки

0
475

Невладини организации од Србија, Македонија, БиХ, и Црна Гора во 2012 година ја формираа организацијата Балкан тендер воч , како одговор на граѓанските невладини организации од Западен Балкан, за како што велат ендемската корупција која ја оневозможува демократијата и развој на целиот овај регион. Со пари на ЕУ, 4 години го развиваа овај процес, паралелно со започнатите реформи во сите замји кои се битни за евроинтеграциите. Целта е, кај овие земји кои што се потенцијално кандидатки за членство во ЕУ, грѓанските организации да ги притиснат владите на земјите од овај регион како би се изградиле ефикасни системи на јавните набавки, и да се овозможи одговорно трошење на јавните пари. Заложбата беше и се обидуваа да го  воведат концептот за проценка на уделот и целисходноста во системот  на јавната набавка. Исто така целта беше блиска сооработка со државните ревизорски институции преку континуиран мониторинг.

15310592_1388619951150684_1998519777_n

-Не се крадат пари само преку корупција на јавни набавки. Ако тоа е 18 до 19% на ниво на ЕУ, кај нас во Македонија е околу 130 милиони годишно од тие 18%. Преку студите на случаи кои што ги направивме, откривме дека  дел од парите се трошат  нерационално, што пак е некаква загуба. Во ред не се краде преку корупција, но сепак е загуба .Кај нас во Македонија имаа повеќе примери на загуба. Пример градоначалник купува автомобил и бара  да има ербек за колена, некој бараше ЦД со можност за 19 цдиња внатре итн, и тоа се сите општински автомобили. Ние прашуваме дали е неопходно да се потрошат плус 5 до 10 ијади евра на тој автомобил ? Сметаме дека  такво нешто не е потребно. Она што е карактерично за Македонија е честото менување на Законот за јавни набавки. Законот малку по малку стана неусогласен со директивите . Набавките станаа неефикасни, скапи, конкуренцијата паѓа, она што најмногу ни смета е што не може да се купи најдобра вредност за потрошени пари , рече Герман Филков Центар за граѓанска комуникација

15327597_1388621264483886_1667397422_n

Се смета дека важна придобивка е тоа што се прави паралелна ревизија на јавните набавки

-Во секоја фаза на јавни набавки неопходна е добра контрола и во текот на планирање и во постапката за јавната набавка а и во извршувањето на истата. За секоја земја кандидат за членство во ЕУ е многу важно да се врши еваулација на постапката за јавна набавка , бидејќи информациите кои што се собираат за целата постапка значи, економичност,  ефективност и ефикасност , тоа е добро за идното планирање на јавните набавки, бидејќи само така можиме да видиме каде сме згрешиле и каде не одвеле тие јавни набавки итн, за да можеме да дојдеме до квалитетни и подобри јавни набавки.За сето тоа  пак да се постигне неопходна е заедничка координација помеѓу сите учесници во процесот на јавни набавки , изјави Светлана Тома Анокиќ, директор на Агенција за јавни набавки на БиХ

-БиХ е единствена што во целост  не го има ускладено  законското решение за јавните набавки со директивата.Многу е тешко да се зборува која е земја најлоша, но практично сите земји од овај регион  го имаме проблемот околу  прашањето за имплементација на овај закон.  Она што е предвидено во законот, не се применува во пракса, тоа е проблематично, конкретно не би требало да се прави јавна набавка доколку за тоа нема план , рече Мерван Мирашчија, фонд отворено друштво Бих

15403261_1388619277817418_1877363821_n

Оваа иницијатива која што беше промовирана во февруари во Луксембург претставува силен поттик за натамошна поддршка на европските интеграции. Невладината од Македонија „Центарот за граѓански комуникации“, пофален дека направи Македонија да оди чекор напред со нивниот проект „Индекс на рационалност“, кој подразбира споредба за тоа за колку пари определен договорен орган купил конкретен производ ист по квалитет.

Економичност, ефикасност и ефективност треба да бидат општо прифатените начела за системот во јавните набавки во сите земји од Западен Балкан, бидејќи се работи за јавни пари .