Балканот во ЕУ, гаранција за мир во Европа

0
376

Американскиот потпретседател Џо Бајден и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск кои учествуваа на самитот на Југоисточна Европа во Загреб, ја истакнаа важноста од влегувањето на Западен Балкан во Европската унија. На собирот беше изразена посветеноста за заедничка борба против тероризмот.

Состанокот на шефови на држави од Југоисточна и Централна Европа што редовно се одржува од 2013 година е дизајниран за унапредување на регионалната соработка и европската интеграција и да служи како форум на највисоко ниво за разгледување на прашањата кои се однесуваат на регионот во целина.

Тоа всушност се нагласува во заедничката лидерска изјава по состанокот по кој американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека целосно интегрирање на регионот во Европската унија ќе биде крајната гаранција за стабилноста на Европа.

„Со нетрпение очекуваме, и тоа е сон на мојата генерација и генерацијата на татко ми, дека таму ќе биде Европа која е целосна, слободна и во мир. Според моето, а и според сегашното мислење, тоа не е реално можно без југоистокот, или Балканот, да биде целосно интегриран во Европа. Тоа е крајна гаранција дека Европа ќе биде цела, слободна и во мир“, изјави Бајден.