Балканските земји ги малтретираат мигрантите

0
208

Амнести Интернешнел во најновиот извештај објавен денеска, ги обвини балканските држави за малтретирање на мигрантите кои минуваат преку нивните територии на патот кон ЕУ, наведувајќи дека е „срамно да се изневерат” луѓе кои бегаат од војна. Илјадници бегалци, баратели на азил и мигранти, вклучувајќи и деца, кои преземаат опасни патувања преку Балканот, доживуваат насилни злоупотреби и уцени од страна на властите и криминалните банди, се вели во извештајот на организацијата за човекови права. Мигрантите кои бегаат од војна, сиромаштија и прогон се срамно запоставени од лошиот систем за азил и миграција на ЕУ, кој ги остава заробени без заштита во Србија и Македонија, се додава во извештајот.

Со порастот на бројот на загрозени бегалци, баратели на азил и мигранти во „ничија земја” на Балканот, притисоците врз Србија и Македонија се зголемуваат, изјави Гори ван Гулик, заменик-директор на Амнести за Европа и централна Азија. Тој истакна дека Србија и Македонија мора да направат повеќе за почитување на правата на мигрантите и бегалците.

Без коментари

LEAVE A REPLY