Балтовски за вчерашниот протест пред неговиот дом

0
2999

-Тоа што се случи вчера со протестот пред мојот дом јас го сваќам како право на секое лице да протестира на било каков начин. Тоа воопшто не ме загрижи тоа е нивно право, мислеле така, така и направиле. Како што напишав на мојот Фејзбук профил , адресата е погрешна. Ако нивната намера била да посеат страв, да посеат немир кај моите комшии , кај моето семејство се упатиле на погрешна адреса. Има милиони други адреси каде што можат да одат каде што има слободоумни луѓе, каде што никој повеќе не се плаши повеќе од она што тие сакаат да го направат, да посеат страв кај граѓаните. ОНа што ние го правиме на нашите собири, на нашите протести е дека ние и понатаму ќе продолжиме да протестираме , таму каде што треба да се протестира , пред оние што направиле криминал, рече меѓу другото Илија Балтовски од Битолското движење