Бан Ки-мун изрази загриженост од ограничувањата за мигрантите

0
353

Ограничувањата на границите, воведени во Европа со цел запирање на протокот на мигранти, се спротивни на меѓународното право и на општочовечката пристојност, изјави генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

За време на посетата во Мадрид, Бан изрази загриженост од ограничувањата на патот на мигрантите и рече дека секој кандидат за азил има право на индивидуално разгледување на неговото барање за азил.

Оваа изјава на Бан доаѓа откако грчката полиција рече дека 10.000 бегалци, од кои повеќето Сиријци и Ирачани се блокирани на граничниот премин Идомени со Македонија и оти се влошуваат тамошните услови. Неколку земји од т.н. балканска рута, пред се Австрија, воведоа ограничувања за бегалци во последните 10 дена и тоа предизвика метеж од мигранти на границата на Грција со Македонија и во самата Грција.