Банките ги стопираа кредитите, во јуни кредитното портфолио намалено за 84,4 милиони евра

0
826

Банките во јуни го намалиле кредитирањето и на фирмите и на граѓаните, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Кредитите за приватните фирми во јуни се намалени за 48,5 милиони евра, додека пак за населението 35,7 милиони евра. Кредитното портфолио на месечно ниво е помало за вкупно 84,4 милиони евра, пишува Капитал.

Банкарите велат дека овој тренд е последица на политичката неизвесност што се одразува негативно и на економијата, и на отпис на доспеани кредити во исто време.

Што се однесува до депозитната база, граѓаните во јуни депонирале повеќе пари што значи дека повлекувањето на штедните влогови што се случи во април и м